7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и...

Турција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД

US-EU.preview

Турција бара учество во предложениот договор за слободна трговија меѓу ЕУ и САД, што, како што таа стравува, може да ја остави надвор од играта и да попречи на амбициите да стане една од десетте водечки економии во наредната деценија.

Трговијата беше меѓу главните теми на средбата вчера во Вашингтон меѓу американскиот претседател Барак Обама и турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Турскиот лидер изрази загриженост дека еден ваков договор би можел да и наштети на трговијата на Турција со ЕУ и со САД.

Порано оваа година Ердоган му пиша на Обама за загриженоста од влијанието на проектот врз Турција, која остварува поголем дел од трговијата со Европа, и побара Вашингтон да изработи паралелен и подетален договор со Анкара.

– Сакам да уверам дека додека САД се стремат кон ново трговско и инвестициско партнерство со ЕУ, продолжуваме да ги продлабочуваме економските врски со Турција, рече Обама на заедничка прес-конференција со Обама во Белата куќа.

Турција има царински договор со ЕУ, според кој трети земји кои ќе потпишат трговски договор со ЕУ, автоматски добиваат пристап до турски пазари. Турција, меѓутоа, не е задоволна на истата реципрочна полза за својот извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП