25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија и Кина мафтаат од облаците: Чао Airbus, чао Boeing

Русија и Кина мафтаат од облаците: Чао Airbus, чао Boeing

Патничкиот авион, кој со заеднички сили на пазарот ќе го лансираат Москва и Пекинг, би можел да го реализира својот прв лет во 2025 година.

Тоа го изјави потпретседателот на корпорацијата Rashas United Aircraft Corporation, Александр Тулаков.

„Ние сме во фаза на развој со нашите кинески партнери на многу сложен и сериозен проект“ за широкотрупен млазен авион за долги релации.

Тулаков не сакаше да открие детали, освен дека церемонијата на која ќе биде претставен авионот ќе биде одржана во Кина во петок.

Новиот авион ќе биде со руски дизајн, а ќе се составува во Кина. Основата верзија ќе има 250-280 седишта, со домет од 12.000 километри.

Според прелиминарните проценки, трошоците за секој авион би можеле да бидат околу 200-260 милиони долари, што е слично на американскиот Boeing 787.

Експертите велат дека новиот авион би можел да им парира како на Boeing така и на Airbus. Поточно, леталото ќе биде директен конкурент на моделите Boeing 787 и Airbus A350.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП