16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон: Еврозоната траба да има свој буџет

Макрон: Еврозоната траба да има свој буџет

Претседателот на Франција Емануел Макрон изјави вчера дека еврозоната би требало да има посебен буџет и министер за финансии.

Во текот на говорот за иднината на ЕУ на Универзитетот Сорбона во Париз, Макрон изјави дека формирањето на заеднички буџет и поставувањето на заеднички министер на еврозоната се клучни за стабилноста на единствената валута.

Макрон истакна дека главно прашање во Европа не е механизмот кој „на магичен начин“ ќе ги реши сите проблеми, туку дека треба прво да се работи на намалувањето на невработеноста која влијае на секој петти млад граѓанин во ЕУ.

Францускиот претседател нагласи дека идејата не е заеднични да се преземат долговите ниту да се обидат да се ослободат од одделни финансиски проблеми државите на ЕУ.

Тој оцени дека Европа е премногу слаба, пребавна и неефикасна.

Изнесувајќи ја својата визија за реформите на блокот, Макрон изјави дека единствено ЕУ им овозможува на европските држави да делуваат на светската сцена во соочувањето со големите предизвици на сегашноста, пренесува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП