8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШто да се прави со банкротираните компании?

Што да се прави со банкротираните компании?

Дури 200.000 компании секоја година банкротираат во ЕУ, а 1,7 милиони луѓе остануваат без работа, поради што официјален Брисел го покрена проектот INTERREG REBORN.

Проектот има за цел да ги поддржи мерките за овозможување на втора шанса на пропаднатите компании.

„Процедурите би требало да бидат поедноставени и забрзани со цел оние кои го обновуваат работењето да имаат поголеми шанси за рестартирање на бизнисот, а трошоците за реорганизација на малите и средни компании би требало да бидат намалени“, порачаа претставниците на овој проект.

Компаниите во ЕУ, по колапсот на работењето, често се соочуваат со бројни проблеми доколку одлучат повторно да покренат сопствен бизнис, како што се отежнатиот пристап до финансии и стравот од неуспех.

Истражувањата, сепак, покажаа дека компаниите кои ќе го обноват бизнисот често работат подобро од оние кои штотуку започнуваат и дека бележат побрз раст во смисла на обртот и отворањето на нови рбаотни места.

Од таа причина, ЕУ ја покрена програмата REBORN , со траење до 2020 година, чија цел е и собирање на добри пракси од неколку европски региони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП