Потрошувачките цени во САД во април беа пониски за 0,4 проценти, благодарение на остриот пад на цените на бензинот и другите енергетски производи, соопшти Министерството за труд.
Цената на храната е незначително зголемена, а основните цени, не сметајќи ја храната и енергијата, се зголемени за само 0,1 процент, што покажува слабеење на инфлаторскиот притисок во САД, и покрај обемната програма за економски стимул, која ја спроведува американската Управа на федералните резерви.
Индексот на потрошувачките цени е зголемен во април за 1,1 проценти на годишно ниво, што е неговиот најмал раст од јуни 2011 година.