21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеблокиран процесот за исплата на обесштетувањата од штетата од временските непогоди во...

Деблокиран процесот за исплата на обесштетувањата од штетата од временските непогоди во 2016 година

Владата на Република Македонија денеска го усвои Акцискиот план за постапување по предметите за настанатите штети од временските непогоди што се случија во 2016 година, а што беше започнато според одредбите од Законот за заштитата и спасувањето.

На овој начин се деблокира процесот за исплата на обесштетувањата на земјоделците, кои во 2016 година претрпеа штети во земјоделското производство од пролетниот мраз, градот и поплавите.

Врз основа на одлуката на Владата, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе формира комисија составена од претстваници од МЗШВ, Министерство за финансии, од Бирото за судски вештачења и од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Комисијата ќе биде задолжена за прегледување на елаборатите и барањата за штети, како и утврдување на конечниот список на лицата, висината на штетите што треба да се надоместат, настанати како резултат од временските непогоди што ја зафатија Македонија во 2016 година, а кои беа започнати во согласност со одредбите од Законот за заштитата и спасувањето.

Во следниот период членовите од комисијата ќе ги посетат општините што минатата година пријавиле штети од временските непогоди и заедно со општинските комисии ќе ги обезбедат податоците што се потребни за довршување на процесот за исплата на обесштетувањата на земјоделците.

Ќе бидат посетени 14 општини во кои штети врз земјоделските култури имаат пријавно речиси 5.500 земјоделци. Исплатата на обесштетувањата ќе се врши во согласност со Законот за земјоделството и руралниот развој. Најмногу барања за исплата на обесштетувања има пријаво во општина Ресен, каде што над 2.300 земјоделци поднеле барања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП