17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Гази Баба и Аеродром денес без вода

Делови од Гази Баба и Аеродром денес без вода

Без вода денес ќе останат делови од општините Гази Баба и Аеродром, информираат од РЦУК Скопје.

Поради промена на три затворачи во Парк-шумата „Гази Баба“, без вода од 23 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од населбата Железара, дел од корисниците од населбата Автокоманда и улиците Трифун Хаџијанев, Ташко Караџа и Јани Лукровски од општина Гази Баба.

Поради санирање дефект на затворач на водоводна мрежа со пречник 80 мм на улицата Владимир Комаров бр. 7, без водоснабдување денес од 8 до 11 часот ќе останат корисниците од ниската зона на „Владимир Комаров“ бр. 7 и бр. 9 во општина Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП