27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСо доаѓањето на Кинезите, Lotus поблиску до SUV моделот како никогаш досега

Со доаѓањето на Кинезите, Lotus поблиску до SUV моделот како никогаш досега

Откако Лотус и офцијално ќе премине во сопственост на кинеската компанија „Geely“, ширум се отворени вратите за реализација на продукцискиот SUV/Crossover модел, кој е во план последниве десетина години.

„Lotus“ во светот е познат по производството на лесни спортски автомобили, кои се вистинско уживање за автомобилските ентузијасти. Меѓутоа малку е познато дека уште во 2006 година, овој производител го претстави кросовер концептот „APX“ (Aluminium Performance Crossover).

Иако серискиот SUV модел до денес не е направен, од идејата не се откажале во „Lotus“. Тоа би можело да се реализира во наредниот период, со оглед на тоа дека до крајот на месецов кинеската компанија „Geely“ ќе го заврши процесот на купување на мнозинскиот пакет на „Lotus“ од малезискиот сопственик, компанијата „DRB – Hicom“.

Кинезите имаат намера да го искористат постоечкиот имиџ на брендот „Lotus“ коj и понатаму е многу познат во светот, да го трансформираат во компанија која ќе им донесе значајни приходи.

Во „Geely“ сметаат дека продажниот потенцијал е многу поголем од 1.500-2.000 автомобили, колку што „Lotus“ им испорачува на купувачите секоја година. За да се оствари тоа, потребно е да се прошири асортиманот на моделите кои не се само лесни спортски двоседи, како до сега.

„Geely“ верува дека лансирањето на поголеми автомобили, како што се SUV моделите, нема да му наштетат на имиџот на „Lotus“, повикувајќи се на примерот на „Porsche“ кој уште од 2002 година, со голем успех, го продаваат SUV „Cayanne“.

„Cayenne“, а потоа и „Macan“ доведоа до значаен раст на продажбата на возилата од марката „Porsche“, при што не се запоставени класичните спортски автомобили, како што е легендарната „911- ка“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП