17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновање на економска влада во еврозоната

Основање на економска влада во еврозоната

fransoa11

Претседателот на Франција Франсоа Оланд предложи основање на економска влада во еврозоната.

Тој го предложи тоа поради желбата за економско закрепнување и намалувањето на незадоволството на граѓаните, со што би можел да се загрози опстанокот на ЕУ.

„Првата година од мандатот ја посветив на одбраната на суверенитетот, реконструкција на економијата, зачувување на социјален модел и елиминирање на неправдата“, изјави францускиот претседател.

„Втората година ќе биде офанзивна. Офанзивна во поглед на европската инцијатива“, додаде Оланд. Моја задача е да ја извадам Европа од незавидната економска ситуација во која во моментов се наоѓа, како и да го намалам незадоволството на нејзините граѓани, кое може да ја доведе во прашање иднината на Европската унија“, изјави Оланд.

Четирите главни точки од иницијативата на Оланд се воспоставувањето на економска влада на еврозоната која ќе се состанува секој месец, потоа хармонизација на даноците и борба против даночното затајување, европска енергетска политика и политика на инвестиции и последната, реализација на европската политичка унија во рок од две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП