3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГерманскиот гигант на две столици, договорот е подготвен

Германскиот гигант на две столици, договорот е подготвен

Францускиот „Alstom“ и германскиот „Siemens“ имаат подготвен договор за спојување на своите железнички активности, пишува германскиот весник „Handelsblatt“.

„Двете групации ги разрешија сомнежите во поглед на основањето на заедничко претпријатие и постигаа договор кој е прифатлив за двете страни“, пишува германскиот дневен весник повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата.

„Siemens“, сепак, е во преговори и со канадскиот „Bombardier“, чие европско седиште е во Берлин.

Германскиот „Siemens“ има приходи од 7,8 милијарди евра годишно од железничкиот бизнис, а францускиот „Alstom“ 7,3 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП