6 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАИзложба на слики и цртежи: Педесет години творештво на Павле Кузманоски

Изложба на слики и цртежи: Педесет години творештво на Павле Кузманоски

Познатиот ликовен уметник Павле Кузманоски годинава одбележува голем јубилеј – педесет години творештво, исполнето со богати содржини.

По овој повод во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје, на утре во 12 часот ќе биде отворена изложба на триесет негови слики создавани во последниве неколку години.

Изложбата ќе ја отвори писателот Милован Стефановски.

Павле Кузманоски (Тетово, 1939) спаѓа во редот на уметниците кои изградија свој оригинален сликарски свет, препознатлив и високо вреднуван од страна на ликовната критика. Во изминатиот петдецениски период организирал над педесет самостојни изложби, а со свои дела учествувал на многубројни групни претставувања на нашето сликарство во Македонија и во странство. За своето творештво, Кузманоски е добитник на национални и меѓународни признанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП