27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватите го победија "HiPP"-ја признаа измамата

Хрватите го победија “HiPP”-ја признаа измамата

Дека во југоисточна Европа доаѓаат производи со послаб квалитет отколку во другите делови на Европа, потврди студијата на Агенцијата за храна на Хрватска.

Британски “Гардиан” пренесе дека водечката компанија за детска храна HiPP ќе мора да ја повтори постапката за производство на еден производ, за кој е утврдено дека содржи помалку зеленчук и омега-3, во споредба со истиот производ што се продава на Запад.

“Околу 38 отсто HiPP-овиот” Био-ориз со морков и мисиркино месо “, кој се продава во Германија, е направен од морков и компир, а 15 проценти од содржината е ориз. Во хрватскиот пазар има 24 проценти морков и 21 отсто ориз” , се наведува во соопштението.

Исто така, утврдена е разлика во бојата, вкусот и аромите, а и не е идентичен ниту процентот на извори на омега-3 масни киселини кои се многу важни за развојот на децата – 1,9% до 1,7%.

Тестирањето следеше по наводот на Европската комисија дека мултинационалните компании ги измамуваат потрошувачите во Источна Европа и продаваат производи со помал квалитет од оние што доаѓаат на Западот.

Следеше објава и од Хип:

“Поради јавната дискусија за различни рецепти во европските држави, ние заклучивме дека тоа би можело да доведе до лоши интерпретации, поради кои жалиме. Како резултат на тоа, рецептот за HiPP ориз со морков и мисиркино месо беше отповикан, а во следните месеци ќе бидат издадени други кој ќе бидат со еднаков кавалитет како оној што е во Германија “.

Тестот е спроведен во Бугарија, Унгарија, Словачка и во Словенија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП