2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес променливо облачно со слаб повремен дожд

Денес променливо облачно со слаб повремен дожд

Во вторник во Македонија ќе преовладува променливо облачно време проследено со слаб повремен дожд во западните и особено во источните делови од земјата.

Минималните температури ќе се движат од 6 до 14 степени, а максималните дневни температури ќе бидат во интервал од 16 до 24 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за слаб повремен дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер. Температурата ќе е во интервал од 12 до 22 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно и свежо со локални врнежи од дожд. Од среда кон четврток врнежите ќе се почести на југот и најинтензивни на југоистокот од земјата. Од четврток температурите ќе се повторно пониски за неколку степени. За време на викендот се очекува претежно стабилно и малку потопло време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП