17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританците: Какви 45 млрд евра, за што зборувате?

Британците: Какви 45 млрд евра, за што зборувате?

Главниот преговарач на Британија за Брегзит, Дејвид Дејвис, ги отфрли тврдењата дека Британија е подготвена да плати 45 милијарди евра за напуштање на Европската унија.

Весникот Тајмс во својот извештај објавен во саботата го цитираше „бриселскиот извор“, но Дејвис за BBC изјави дека таа приказна е измислена.

„Нема да се впуштам во точни бројки, би било залудно да го правам тоа, но отприлика имаме јасна идеја каде одиме“, изјави Дејвис, пренесува АФП.

Премиерката на Британија, Тереза Меј, го соопшти во петокот транзицискиот план до 2019 година, до кога Британија главно ќе биде под сегашните правила на ЕУ.

Дејвис нагласи дека Британија „ниту под еден услов“ не би прифатила надмоќ на Европскиот суд за правда по транзицискиот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП