13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИТ гигантот се одлучи за најлошото - дели 5.000 откази

ИТ гигантот се одлучи за најлошото – дели 5.000 откази

Компанијата „Hewlett-Packard – HP“ подготува околу 5.000 откази со цел да ги намали трошоците на работењето, открија анонимни извори од ИТ индустријата.

Како што пренесуваат медиумите, „HP“ ќе отпушти околу 10 проценти од својата работна сила, што е околу 5.000 лица. Компанијата е принудена на овој чекор, тврдат извори, поради се посилната конкуренција на пазарот како онаа која доаѓа од „Amazon“ и „Google“.

Бранот откази би требало да започне и пред крајот на оваа година, и нема да биде поштеден ниту еден сектор.

Не се знае дали „HP“ ќе успее со овој потег да го надомести слабото работење, но сепак, акциите на компанијата порасна за 1 процент, на 13,93 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП