6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШефот на "Apple" станува во 3:45 часот, прв доаѓа на работа а...

Шефот на “Apple” станува во 3:45 часот, прв доаѓа на работа а последен си оди

Откако во 2011 година седна во фотелјата како прв човек на Apple, Тим Кук е повеќе фокусиран на компанијата отколку на приватниот живот.

Шефот на “Apple” обично станува многу рано – околу 3:45. Веднаш потоа тој оди на работа и чита 700 до 800 мејлови што ги добива на дневна основа. Во една прилика изјавил дека е “воркохолик” кој ги чита повеќето од тие мејлови.

После тоа, околу 5 часот наутро, Кук оди да вежба во приватна теретана. Бизнис инсајдер пишува дека јавно не зборува за неговите хобиа, но сериозно пристапува на фитнесот. Тој истакнува дека неговиот Apple-часовник му помага да остане во форма.

Не е познато дали Тим појадува и кога. Во една прилика, за време на интервјуто со Њујорк тајмс, јадел за појадок кајгана, житарици и незасладено млеко од бадеми.

Тим Кук, како што пишува Тајм, е многу добар соработник кој знае да ги слуша колегите. Тој е познат како “захтевен шеф”. Бизнис Инсајдер има напишано претходно дека првиот човек на компанијата “нема милост” и дека постојано организира маратонски состаноци на кои работници ги испрашува за сè, и познато е дека им испраќа мејлови во секое време.

Исто така е познато дека, од време на време, руча во кафетеријата со вработените.

Иако на работа доаѓа многу рано, последен ја напушта канцеларијата. Кога станува збор за неговите активности надвор од канцеларијата, познато е дека Кук ужива да помине време на отворено.

Обично спие околу седум часа, и бидејќи станува рано, тој си легнува пред 21 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП