2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе менува главниот инвеститор во Саса, управувачката структура останува на „Линкс ресурсис“

Се менува главниот инвеститор во Саса, управувачката структура останува на „Линкс ресурсис“

Во рудникот Саса кај Македонска Каменица нема да има промена на управувачката структура, која останува на „Линкс ресурсис“, но се менува главниот инвеститор.

Компанијата „Линкс ресурсис“ останува единствен учесник во правното лице Рудник Саса Дооел, информира директорот за инвестиции од Рудникот Саса, Максим Прохоров по информацијата дека казахстанскиот производител на бакар „Централ Азија Металс ПЛЦ“ ги информирал своите акционери дека ја прифатил понудата за купување на македонскиот рудник „Саса“ за сума од 402,5 милиони долари.

Во 2015 година рускиот инвеститор СОЛВЕЈ се повлече од Саса и управувачкиот пакет беше преземен од страна на Комнпанијата „ ЛИНКС Ресурсис“.

Според објавата на лондонски „Фајненшл Тајмс“, казахстанската компанија постигнала договор со сегашниот сопственик на „Саса“, „Орион Ко-Инвестментс енд Фјужн Кепитал“ за откупување на рудникот заедно со долговите и активата. Според извршниот директор на „Централ Азија Металс“, Ник Кларк оваа купопродажба ќе и обезбеди на компанијата производство на метали со ниски трошоци и долгорочни операции, кои се очекува да генерираат позитивни финансиски приливи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП