10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнгела Меркел останува германски канцелар

Ангела Меркел останува германски канцелар

Меркел останува германски канцелар и во следните четири години. Нејзината партија ЦДУ убедливо победи на парламентарните избори. Тоа го покажуваат првичните неофицијални резултати, според кои Христијанско-демократската унија на Меркел на изборите освоила 32,5 проценти од гласовите, со што е убедливо најсилна партија и во новиот состав на Бундестагот- долниот дом на парламентот.

Меркел ќе има шанса да го надмине рекордот од 16 години на функцијата кој го држи нејзиниот претходник во партијата и политички ментор- Хелмут Кол.

Најголем губитник на изборите се социјалдемократите кои ги предводи Мартин Шулц. Партијата освои 20 проценти од гласовите, што го доведува во прашање идното учество на СПД во владата. Ваквиот резултат ја доведува во прашање и лидерската позиција на Шулц во партијата. Ова е најслаб резултат на едни избори на партијата од 1949 година наваму.

Десно-радикалната и популистичка Алтернатива за Германија освоија околу 13,5 отсто гласови, со што, оваа партија се профилира како трета најсилна во парламентот. Пријатно изненадија и Либералите со освоени 10,5 проценти од гласовите. Уште две партии ќе бидат застапени во новиот состав на парламентот: тоа се Партијата на Зелените и Левицата со освоени по околу 9 проценти од гласовите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП