29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏек Ма предупредува: Се ќе стане „Made in Internet“

Џек Ма предупредува: Се ќе стане „Made in Internet“

Шефот на кинескиот гигант Alibaba, Џек Ма предупредува дека луѓето би требало да бидат подготвени за значајни пореметувања на пазарот за труд.

Како што тврди, вештачката интелигенција ќе го промени светот.

„Во последните 200 години, производството ги генерираше работните места, но денес, поради појавата на роботи, производството не е повеќе главно за создавање на работни места“, изјави тој.

Наместо тоа, малите претпријатија кои користат интернет за проширување на својот пазар ќе го водат економскиот раст на овој век, додаде Ма.

„Кога ќе зборуваме за производството, нема да биде тоа „Made in China“, или „Made in America“. Ќе стане всушност „Made in Internet“.

Тој изрази загриженост поради моменталниот пристап на образованието, тврдејќи дека не верува дека денешните млади луѓе се адекватно подготвени за иднината, односно за новиот пазар на труд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП