23 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗВо 2025-та година електрични возила ќе чинат колку обичните автомобили

Во 2025-та година електрични возила ќе чинат колку обичните автомобили

Финансиската компанија „Morgan Stanley“ е храбра во прогнозата за тоа како ќе поевтинуваат електрични возила, па според експертите на компанијата во 2025-та година цените на електричните возила и оние со конвенционални мотори со внатрешно согорување ќе се израмнат.

Во моментов продажбата на електрични возила е едвај 1-2 проценти од целокупниот пазар на автомобили, најмногу во развиените земји, каде што клиентите имаат се повеќе сериозен интерес кон еколошките модели. А многу аналитичари сметаат дека поевтинувањето на нафтата и прогнозите за иднината, според кои бензинот и дизелот ќе се евтини уште долго време, нема да се одрази добро на масовното навлегување на електричните автомобили на светскиот пазар.

Сега на многу места во светот цените на електрични модели се блиски до оние со дизел мотор, на пример, но тоа е можно благодарение на субвенциите, спонзорирани од националните буџети на соодветните земји. Истражувањето на „Morgan Stanley“ има за цел да создаде модел за тоа како ќе изгледа пазарот на автомобили до 2050-та година.

Според компанијата, продажбата на автомобили во 2025-та ќе се зголеми за 50% до над 130 милиони. Исто до 2050-та година електричните возила ќе достигнат удел од 80% од светската продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП