28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААзија мотор на растот, го влече цел свет

Азија мотор на растот, го влече цел свет

Светската трговска организација ја зголеми проценката за раст на глобалната трговија во 2017 година, но и предупреди дека големите закани можат да го пореметат позитивниот тренд.

Априлската проценка за растот на трговијата во светот од 2,4 проценти е зголемена на 3,6 проценти, благодарение на трговијата во Азија и зголемената побарувачка во Северна Америка, наведува СТО.

„Растот од 3,6 проценти би претставувал значително подобрување во однос на слабите 1,3 проценти зголемување во 2016 година“, наведе СТО.

СТО повеќе пати предупредуваше дека по финансиската криза од 2008 година ќе опстојува стагнација во светската трговија.

Директорот на СТО Роберто Азеведо ги поздрави добрите вести, но повторно изрази стравување поради можните политички препреки, особено поради протекционистичките мерки.

„Подобрите изгледи за трговијата се добри вести, но значајните ризици кои и се закануваат на светската економија и понатака постојат и лесно можат да му наштетат на закрепнувањето на трговијата“, наведе Азеведо во соопштението.

Тој додаде дека тие ризици се можност протекционистичката реторика да прејде во рестриктивни мерки, загрижувачки пораст на геополитички тензии и поголеми штети од природните катастрофи.

Азеведо се спротивстави на изјавите против трговијата кои доаѓаат од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп и неговите соработници ја критикуваа СТО, меѓу остантото, дека е и благонаклонета кон Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП