8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески: Има средства за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп

Сугарески: Има средства за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески изјави дека се обезбедени сите средства за изградба на експресниот пат Градско-Прилеп, како еден од најзначајните патни правци во овој регион.

Тој, исто така, истакна дека во најбрз можен рок ќе започне да се реконструира регионалниот пат Прилеп-Битола до граничниот премин Меџитлија, а во меѓувреме преку ЈП за државни патишта ќе се распише јавен повик за проектирање на ниво на експресен пат токму за овој патен правец.

Сугарески, кој вчера имаше средба со стопанственици од Регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанската комора на Македонија, во однос на железничката инфраструктура рече дека до крај на октомври ќе се потпише договорот со изведувач за изградба на пругата Битола до граница со Грција, со што ќе се обезбеди побрз железнички транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП