2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија ќе го ограничи увозот на овошје од Србија

Русија ќе го ограничи увозот на овошје од Србија

Русија би можела да го ограничи увозот на овошје од Србија затоа што во последно време се откриени повеќе случаи на контаминирани производи.

Како што јавуваат руските медиуми, станува збор за паразитот графолита молеста.

Се наведува дека од август до септември годинава се откриени 12 случаи на контаминирани праски и сливи.

Русија ќе продолжи да ги следи производите кои се сомнителни и, како што соопштиле надлежните служби, ќе биде принудена да преземе мерки за да го ограничи увозот на производи од Србија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП