ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес големо велосипедско дефиле во Скопје

Денес големо велосипедско дефиле во Скопје

Град Скопје ги поканува граѓаните на големо велосипедско дефиле што денес, 22 септември, ќе се вози на градските улици по повод 22 септември – Денот без автомобили и крајот на Европската недела на мобилност 2017.

Ова традиционално дефиле ќе стартува во 10 часот од Порта Македонија и ќе продолжи по следната рута:

– Улица 11 Октомври до булеварот Кочо Рацин (се врти лево),
– булевар Кочо Рацин, булевар Крсте Мисирков (се врти лево),
– булевар Гоце Делчев се врти лево и се продолжува по булевар ВМРО (се врти десно),
– булевар Партизански одреди до булевар 8 Септември (се врти десно),
– булевар 8 Септември, се врти десно по булевар Илинден, до Градскиот парк, кај Школката,
– Дефилето на велосипеди ќе заврши со музички хепенинг, лотарија и дружење.

Градот Скопје ги информира граѓаните дека за времетраењето на велосипедското дефиле на посочените улици сообраќајот делумно ќе биде во прекин.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП