8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААнѓушев и Сугарески се сретнаа со бизнисмените од Пелагонискиот Регион

Анѓушев и Сугарески се сретнаа со бизнисмените од Пелагонискиот Регион

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушевм и министерот за транспорт и врским Горан Сугареским учествуваа на средба со стопанственици од регионалните комори на Прилеп и Битола при Стопанската комора на Македонија.

„Со предлог-мерките од Планот за економски раст се овозможува иста поддршка за домашните и за странските компании. Ќе поддржуваме компании со потенцијал за растм а трите главни столба се однесуваат на поддршка на нови и постоечки инвестиции, поддршка на извозот и за поддршка на малите и средни претпријатија“, истакна вицепремиерот.

Тој дополни дека со мерките се стимулираат нови подобро платени работни места, нови инвестиции за технолошки развој и иновации, стимулирање на извозот, како и поддршка на малите и средни компании да бидат поконкурентни.

Министерот Сугарески ги презентираше проектите во делот на инфраструктурата кои ги реализира Владата на РМ а се од клучно значење за подобрување на условите за водењето бизнис во Пелагонискиот Регион.

Министерот Сугарески истакна дека во најбрз можен рок ќе почне да се реконструира регионалниот пат Прилеп-Битола до граничниот премин Меџитлија, а во меѓувреме преку ЈП за државни патишта ќе се распише јавен повик за проектирање на ниво на експресен пат токму за овој патен правец.

Исто така, министерот Сугарески потенцираше дека обезбедени се сите средства за изградба и на експресниот пат Градско-Прилеп како еден од најзначајните патни правци во овој регион. Во однос на железничката инфраструктура, министерот изјави дека до крај на октомври ќе се потпише договорот со изведувач за изградба на пругата Битола до граница со Грција со што ќе се обезбеди побрз железнички транспорт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП