2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕК во потрага по фер оданочување за дигиталната економија

ЕК во потрага по фер оданочување за дигиталната економија

Европската комисија (ЕК) има идеи за нови, поправедни начини за оданочување на технолошките компании во заедницата. Причината е дека сегашните рамки не ја одразуваат реалноста на дигиталната економија, јасно е од документот објавен на веб-страницата на ЕК.

Предлогот на Брисел е да се наметнат даноци за приходите на технолошките компании генерирани од дигиталните услуги и рекламирањето, во случај на договори склучени од далечина со претставници во земја на ЕУ каде што компанијата има „значително економско присуство“.

ЕК, исто така, ќе ги оданочува дигиталните трансакции. Оваа такса ќе биде задржана кај изворот за одредени плаќања направени за испорака на стоки и услуги на интернет. Другиот предлог на Комисијата се однесува за данок на изедначување на прометот на компаниите во дигиталната економија – даноците ќе се наплатуваат за сите неоданочени или подзададени активности на сите Интернет-базирани активности.

Брисел е цврсто убеден дека нивниот предлог не е специфичен за секоја компанија. „Ние сакаме систем кој важи за секој бизнис, без разлика дали е внатре или надвор од ЕУ, мал или голем, многу или помалку дигитализиран“, рече Комисијата. Но, тие исто така признаваат дека сеуште има многу неизвесности во овој сектор – како што се идентификуваат дигиталните компании и дигиталната економија, како и прометот од нивната работа и како да се соберат овие даноци.

Комесарот за еврозоната и социјален дијалог Валдис Домбровскис, кој го претстави предлогот, коментираше во својата изјава дека од 2008-ма до 2016-та година приходите на петте најголеми компании во секторот за е-трговија се зголемија за 32%. Во исто време, приходите на целиот малопродажен сектор во ЕУ се зголемуваат за 1%.

ЕК, исто така, објаснува дека амбицијата е да има општа промена во меѓународните даночни правила што подобро ја одразува врската помеѓу местото каде што се создава вредноста и местото каде се платени даноците.

„ЕК сака едноставниот принцип да биде усвоен: компаниите треба да плаќаат даноци каде што е нивната вистинска економска активност“, рече Домбровскис во својата изјава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП