8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБил Гејтс повторно најбогат во светот

Бил Гејтс повторно најбогат во светот

Bill Gates

Бил Гејтс после пет години повторно е на првото место на листата на најбогатите луѓе на планетата, покажуваат податоците на индексот на милијардери што го подготвува магазинот Блумберг.

Гејтс (57) не беше на врвот од оваа листа од 2007 година, а неговото богатство проценето на 72,7 милијарди долари се зголеми за 15 проценти во однос на минатата година.

Основачот на Мајкрософт со седиште во Редмонд, Вашингтон, повторно ја доби титулата за најбогат човек во светот, бидејќи акциите на Мајкрософт, кои оваа година се зголемија за 28 проценти, вчера достигнаа пет-годишен максимум и тоа за втор пат во една недела.

Гејтс донираше 28 милијарди од своето богатство на Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс, една од најбогатите светски филантропски организации основана пред 14 години, која ја води тој заедно со неговата сопруга и милијардерот Ворен Бафет.

Гејтс го превзема водството на листата на најбогатите од мексичкиот тајкун Карлос Слим (73), чии акции во неговата телеком компанијата „Америка Мовил“ паднаа за 14 проценти.

„Америка Мовил“ е најголемиот провајдер за мобилни телефони на американскиот континент и падот на акциите на таа компанија ја намали за околу три милијарди долари нето вредноста на мексичкиот телекомуникациски магнат.

Познатиот инвеститор Ворен Бафет е третиот најбогат човек на светот со богатство од 59,7 милијарди долари, според листата на Блумберг. Бафет е директор на „Бершкир Хатавеј“ холдинг компанија која опфаќа широк спектар од бизниси, со седиште во Омаха, во државата Небраска.

Богатството на Бафет е зголемено за околу 3,7 милијарди долари од богатството на Амансио Ортега, најбогатиот човек во Европа.

Ортега (77) е основач на шпанската модна компанија „Индитекс Груп“, чиј најпознат бренд е ланецот на продавници „Зара“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП