
Музичкиот бизнис во САД повторно цвета по речиси две децении пад. Ова се должи на платените стриминг услуги „Spotify“ и „Apple Music“, се вели во извештајот на Здружението на музичката индустрија во Америка (RIAA), цитиран од „Bloomberg“.


Музичкиот бизнис во САД повторно цвета по речиси две децении пад. Ова се должи на платените стриминг услуги „Spotify“ и „Apple Music“, се вели во извештајот на Здружението на музичката индустрија во Америка (RIAA), цитиран од „Bloomberg“.
Американските трошоци за музика се зголемија за 17% до околу 4 милијарди долари во првата половина од 2017-та година, објави „RIAA“. Стримингот се зголеми за 48%, успевајќи да го неутрализира значителниот пад во онлајн продажбата и купувањето на дискови. Корисниците пак се насочени кон новите дела на Кендрик Ламар и Ед Ширан – топ изведувачите во САД за првото полугодие.
Американската музичка индустрија – предводена од издавачките куќи „Sony Corp.“, „Universal Music“ и „Warner Music Group“ – е на пат да ја забележи својата трета година по ред на раст. Тоа ја зголеми вредноста на издавачките компании и музичките издавачи, убедувајќи ги најголемите технолошки компании во светот да инвестираат повеќе во музика и доведе до голем број на трансакции поврзани со играчи кои сакаат да станат дел од овој бум.
Директорите на издавачките компании сметаат дека се уште е рано за славење, бидејќи продажбата се уште е само дел од оние кои индустријата ги гледа за време на шпицот на продажбата на дискови. Приходите од проследени од рекламите на „YouTube“ и „Spotify“ сè уште се мали и „RIAA“ верува дека има вредност. Иако покрај зголемувањето на претплатниците до најмалку 650 милиони, вкупниот прилив на приходи од рекламирање се уште е само дел од тој раст.
„Индустријата продолжува да се опоравува, иако се уште е далеку од врвот на крајот на 90-тите години“, коментира Џош Фриландер, постар заменик претседател на „RIAA“ за стратешки анализи на податоци.
„Spotify“ и „Apple Music“ натераа милиони луѓе кои купуваа синглови и ги слушаа бесплатно музика, да станат претплатници на платена услуга. Повеќе од 30 милиони луѓе во САД плаќаат за музички претплати. Ова е три пати повеќе од 2015-та година.
Стримингот донел 62% од вкупните приходи на индустријата во првото полугодие.