27 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПредлог за појадок кој ќе го разбуди вашето тело

Предлог за појадок кој ќе го разбуди вашето тело

Ако сакате на своето тело да му обезбедите доволно количество на енергија за целиот ден, обезбедете му го тоа преку следниве намирници. Ви препорачуваме едноставен рецепт за интегрална овесна каша која ќе ви обезбеди доволно енергија и подобро варење на храната.

 

Интегрална овесна каша:

2 лажици овесни снегулки

1 кафена лажица `рж

1 кафена лажица ленено семе

1 кафена лажица пченични трици

1 лажица суво грозје

 

Подготовка:

1. Прелијте ги сите наведени состојки со вода и оставете ги да се натопат убаво (околу 30 минути).

2. Сварете ги 5-10 минути но внимавате да не ги пресушите. Тргнете ги од огнот и оставете ги на страна 20-30 минути да отстојат.

3. По желба додадете малку мед и послужете се. Во оваа каша за да го подобрите вкусот можете да додадете сезонско овошје и јаткасти плодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП