6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСо точаци за заштита на животната средина

Со точаци за заштита на животната средина

Младинска мобилна конференција „Bike ‘n Learn” на четири локации низ Скопје ќе се одржи денеска, во организација на Здружението на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу грин“ и Центарот за истражување и информирање за животната средина „Еко-свест“.

Почетната локација, како што најавуваат организаторите, е салата на советот на Град Скопје, по што групата ќе се движи низ локациите на велосипеди и ќе заврши во ЕУ Инфо центарот.

Конференцијата има за цел да понуди решенија за намалување на бројот на автомобили во градскиот сообраќај и зголемување на учеството на одржливи форми на транспорт низ градовите во републиката како начини за ублажување на климатските промени.

Настан е дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП