4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПланот на принцот е забавен, еве каде ќе инвестира 2,25 млрд евра

Планот на принцот е забавен, еве каде ќе инвестира 2,25 млрд евра

Саудиска Арабија ќе основа инвестициска компанија за сeкторот за забава, со почетен капитал од 2,25 милијарди евра, пренесоа државните медиуми.

Оваа ултраконзервативна земја почнува да ја прифаќа забавата и планира да отвори стотина забавни центри во рамките на планот Vision 2030, кој има за цел намалување на зависноста од нафта.

„Јавниот инвестициски фонд подготвува отворање на нова компанија која ќе се занимава со инвестициите во секторот за разонода“, наведе официјалната новинска агенција СПА.

Како што се наведува компанијата ќе инвестира и во комплексот за забава кој ќе проработи до 2019 година, со 22.000 работни места до 2030 година, наведе СПА.

Планот Vision 2030 во 2016 година го воведе 32-годишниот престолонаследник Мохамед бин Салман син на кралот Салман.

Најголемата арапска економија е погодена од големиот пад на приходите поради падот на цената на нафтата, па Ријад е принуден да ги намали субвенциите и да ја одложи реализацијата на големите проекти.

Во ова кралство поради ригорозниот ислам забранети се алкохолот, кината и театрите, но во последните месеци биле одржани неколку музички приредби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП