18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes-Benz продава модел кој ќе биде готов за 2 години

Mercedes-Benz продава модел кој ќе биде готов за 2 години

Примерот на „Tesla“ на некој начин е „заразен“. Компанијата на Илон Маск почна да прима нарачки за својот нов „Model 3“ пред да биде завршен неговиот развој. Сега истото го прави „Mercedes-Benz“, кој го објави стартот на продажбата на електричниот кросовер „EQC“.

Првите клиенти кои ќе можат да го добијат автомобилот во 2019-та година се Норвежаните. Според информациите од локалниот медиум „Hegnar“, германскиот производител досега собрал повеќе од 2.000 нарачки за електричниот автомобил, кои се очекува значително да се зголемат до крајот на годината.

Оние кои сакаат да го поседуваат „Mercedes-Benz EQC“ мора да платат депозит од 20.019 норвешки круни – 2.142 евра. Секој потенцијален клиент може да резервира само едно електрично возило. Дополнително, страницата на која се добиваат нарачки ни кажува дека серискиот модел ќе биде значително различен од оној што е прикажан на фотографиите.

Концептот на „Mercedes-Benz EQ“ беше претставен на саемот во Париз пред една година. Електричниот кросовер има два електрични мотори со вкупна моќност од 409 КС и батерија со батерии од 70 kW/h. Опсегот кој може да го помине со едно полнење е 500 км, а забрзувањето од 0 до 100 км/ч трае помалку од 5 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП