2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадна историска одлука: САД повлекуваат милијарди

Падна историска одлука: САД повлекуваат милијарди

Централната банка на САД одлучи во октомври да започне да го намалува огромното портфолио обврзници, а референтната каматна стапка засега да остане непроменета.

Федералните резерви (ФЕД) соопштија дека во октомври ќе започнат постепено да го намалуваат своето порфолио со обврзници, вредни 4,5 илјади милијарди долари, купени со цел поттикнување на економијата по избивањето на светската финансиска криза во 2008 година.

Фед планира да го намали портфолиото обврзници со кое доминираат државните и хипотекарните обврзници, така што секој месец ќе троши помалку пари за нивна замена.

Планот на ФЕД е во октомври на обврзници да потроши 10 милијарди долари помалку отколку досега, за во октомври 2018 година да постигне 50 милијарди долари помала потрошувачка на обврзници.

Централната банка одлучи да ги задржи краткорочните референтни каматни стапки на ниво меѓу еден и 1,25 проценти. ФЕД наведува дека пазарот за труд зајакнува, но дека инфлацијата е уште под саканите два проценти на годишно ниво.

Официјалните лица на ФЕД и понатака очекуваат дека ќе ги зголемат краткорочната референтна каматна стапка уште еднаш до крајот на годината и најавуваат три зголемувања во 2018 година, ако дојде до раст на константно ниската инфлација, додека за 2019 година сега предвидуваат две наместо три зголемувања на каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП