2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната економски се изедначи со САД

Еврозоната економски се изедначи со САД

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) ја поправи прогнозата за економскиот раст на еврозоната за оваа година на 2,1 проценти.

Тоа е за 0,3 проценти повеќе во однос на предвидувањата во јуни.

Според проценките на ОЕЦД, економскиот раст од 2,1 проценти ќе ја изеданчи еврозоната со САД.

Експертите за следната година предвидуваат раст во еврозоната за 1,9 проценти, 0,1 проценти повеќе од планираното, но под 2,4 проценти предвидени за САД. Трите најголеми економии во еврозоната – Германија, Франција и Италија ќе бидат во пораст.

ОЕЦД прогнозира глобален економски раст оваа година од 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП