25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИQatar Airways бренд лидер во развојот на авиоиндустријата

Qatar Airways бренд лидер во развојот на авиоиндустријата

qatarair1

Стручниот колегиум на 11-тата Регионална конференција на тема „Туристичкиот пазар на Југоисточна Европа – нови развојни можности“, и додели награда на бренд лидер компанијата „Qatar Airways“ за посебен придонес во развојот на целокупната авиоиндустрија.

„Qatar Airways“ е награден како авиокомпанија која поставува нови стандарди за висок квалитет на услуги преку постојано зголемување на ефикасноста, и во континуитет продолжува да дава посебен придонес за понатамошен развој на целокупната авиоиндустрија, соопштија од компанијата.

„Во 2011 и 2012 година бевме прогласени за најдобра авиокомпанија во светот. Ние продолжуваме со нашите напори со цел да го подобриме развојот на авиоиндустријата“, соопштија од компанијата.

Компанијата „Qatar Airways“ по 16 години работа располага со модерна влота од 123 авиони, кои летаат на 126 бизнис и туристички дестинации во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП