Целата територија на Порторико со близу 3.5 милиони жители остана без електрична енергија поради ураганот Марија, соопштија владини функционери, а пренесува Би-би-си.
Челникот на Агенцијата за управување со ризици од катастрофи, Абнер Гомез, изјави дека ураганот уништил сè што му се нашло на патот.

