4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУраганот Марија го опустоши Порторико(видео)

Ураганот Марија го опустоши Порторико(видео)

Целата територија на Порторико со близу 3.5 милиони жители остана без електрична енергија поради ураганот Марија, соопштија владини функционери, а пренесува Би-би-си.

Челникот на Агенцијата за управување со ризици од катастрофи, Абнер Гомез, изјави дека ураганот уништил сè што му се нашло на патот.

Од американскиот Национален центар за урагани претходно соопштија дека ураганот Марија го погодил источниот дел на оваа американска територија со силина на ветровите од околу 225 километри на час.

Претходно на островот Доминика, при ударот на овој ураган загинаа седум лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП