4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДесет работи од кои што се плашат најмногу светските бизнис лидери

Десет работи од кои што се плашат најмногу светските бизнис лидери

Сајбербезбедноста, состојбата на светската економија, шокот кај енергетските производи и терористичките напади се само дел од најголемите ризици кои ги загрижуваат компаниите и може да се стави под закана нивната можност да се развие активноста, покажуваат резултатите од новото истражување на Светскиот економски форум.

Истражувањето, кое се одржува секоја година од „Marsh & McLennan Companies“ и „Zurich Insurance Group“, ги обелодени следните десет ризици од кои компаниите во моментов се загрижени најмногу:

  • Невработеност
  • Фискални кризи
  • Неуспех на националната влада
  • Ценовен шок за енергетски производи
  • Голема социјална нестабилност
  • Неуспех на финансиски механизам или институција
  • Проблеми со инфраструктурата од голема важност
  • Сајбер напади
  • Меѓудржавен конфликт
  • Терористички напади

И додека загриженоста во однос на целокупната состојба на светската економија продолжува да доминира во листата, извештајот се фокусира на растечката важност на ризиците поврзани со сајбер безбедноста.

„Бизнис лидерите во многу од водечките светски економии веќе ја посочуваат сајбер безбедноста како најголем ризик“, според „Marsh Global Risk & Digital“. „Компаниите треба сериозно да анализираат како овие закани можат да влијаат врз нивниот бизнис и да ги преземат соодветните мерки за ублажување на ризикот.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека учесниците од Северна Америка, Источна Азија и Пацификот се најмногу загрижени за сајбер нападите и формирањето на „балони“ кај различните средства.

Во исто време невработеноста, фискалните кризи и неспособноста на управувањето на една земја да обезбеди стабилност се трите најголеми ризици за бизнисот на глобално ниво.

Податоците се засновани на одговорите на 12.411 лидери на компании во 136 земји што беа дадени претходно во годината помеѓу февруари и јуни. Од нив беше побарано да ги именуваат петте најголеми ризици за водење бизнис во нивната земја.

Учесниците во студијата од Северна Америка, Блискиот Исток и Северна Африка, исто така, се чини дека се загрижени за можни терористички напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП