6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се обештетат земјоделците кои претрпеа штети од невремето на 11. септември

Ќе се обештетат земјоделците кои претрпеа штети од невремето на 11. септември

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска формираше комисии за увид на настанатите штетите во регионите кои на 11. септември годинава беа зафатени од временски непогоди.

Министерството за земјоделство утврдило дека се причинети штети врз земјоделски култури во регионите на Демир Хисар, Ресен, Македонски брод, Тетово, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Велес, Свети Николе, Куманово, Кавадарци, Росоман, Кисела вода и Гази Баба.

Сите земјоделски стопанства од овие региони кои претрпеле штети, од денеска до 5 октомври може да поднесат барања за утврдување на настанатата загуба во подрачните единици на МЗШВ во погоре посочените региони.

Откако земјоделците ќе поднесат барања, комисиите на терен ќе извршат увид на настаната штета од временската непогода.

Според првичните прелиминарни проценки, проценките се дека невремето има нанесено штети на околу 2.000 хектари земјоделски површини со овошни и лозови насади, градинарски и индустриски култури

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП