6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПривремена суспензија за „ЕНГ Сервис Трејд“ од страна на МЕПСО

Привремена суспензија за „ЕНГ Сервис Трејд“ од страна на МЕПСО

МЕПСО привремено ја суспендира компанијата „ЕНГ Сервис Трејд“. Компанијата од денеска до 1 ноември го губи правото да работи како снабдувач на пазарот за електрична енергија, објавија од МЕПСО.

Согласно со Правилата за пазар на електрична енергија (ППЕЕ) МЕПСО како организатор на пазарот на електрична енергија изрекува суспензија во услови кога компанијата не ги исполнува своите обврски кои во овој случај се создадени заради превземена, но неплатена електрична енергија. Суспензијата ќе биде продолжена до крај на ноември доколку во тој период снабдувачот не ги подмири обврските. Ако и до крајот на номеври не бидат подмирени обврските, МЕПСО согласно со ППЕЕ ќе го раскине договорот со компанијата снабдувач „ЕНГ Сервис Трејд“.

Новиот менаџмент на МЕПСО во период од еден месец ги презел сите располживи мерки: издаде опомени, активираше финансиска гаранција и на крај заради неподмирување на обврските привремено ја суспендираше компанијата снабдувач со електрична енергија согласно со ППЕЕ. Освен овие мерки, МЕПСО ги презеде сите расположливи законски мерки за наплата на своите побарувања.

„Сите компании потрошувачи кои досега беа клиенти на „ЕНГ Сeрвис Трејд“ во изминатиов период обезбедија нови снабдувачи со електрична енергија. Со тоа се обезбеди редовно и непрекинато снабдување на тие компании со електрична енергија. Долгот на снабдувачот „ЕНГ Сервис Трејд“ кон МЕПСО е направен во најголема мерка во првиот квартал годинава, но од засега непознати причини претходниот менаџмент не ги активирал инструментите за наплата на долгот за што МЕПСО ги извести надлежните државни инстанци“, пишува во соопштението од компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП