5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода утре без струја

Делови од Карпош, Аеродром и Кисела Вода утре без струја

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека утре од 9 до 11 часот беа струја ќе бидат дел од жителите на улицата „Рузвелтова бр.44“ во општина Карпош, а од 8 до 14 часот дел од улицата „Дрезденска“ и дел од улицата „Багдадска“ во општина Карпош.

Од 8.30 до 14.30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат жителите од булеварот „Асном“ бр. 68, 70 и 72 и околните објекти, како и корисниците од улицата „Тодор Чангов“ со подулиците и дел од улицата „Богомилски поход“ во општина Аеродром.

Без струја од 10.55 до 15 часот ќе бидат корисниците од касарната Чојлија во Петровец, од 8.30 до 13 часот дел од улицата „Кавалска“ и од 11 до 12 часот корисниците од улицата „Томе Арсовски“ во општина Кисела Вода.

Од 9 до 12 часот струја нема да имаат жителите од улиците 1, 6, 7 во селото Батинци, од 9 до 12 часот дел од улицата „4“ во селото Никиштани и од 08:55 до 11 часот дел од жителите од населбата Идризово. Прекините во напојувањето со електрична енергија се поради изведување на планирани технички работи од страна на ЕВН Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП