4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Европските банки можеби ќе се обидат да го избегнат надзорот по...

ЕЦБ: Европските банки можеби ќе се обидат да го избегнат надзорот по Brexit

Европските банки може да се обидат да ги искористат предностите на „задни дупки“ и разликите во националните правила за да се покажат управувани согласно попустливите прописи или за да ги избегнат правилата на Европската централна банка како целина, особено откако Велика Британија ја напушти Европската унија, предупредуваат гувернери на „ЕЦБ“.

Сабине Лаутеншлегер и Даниел Нуи ги повторија повиците за затворање на празнините во европските правила кои ги поставуваат инвестициските компании и банкарските филијали надвор од банкарската супервизија на „ЕЦБ“, соопштува „Ројтерс“.

„По „Brexit“ многу банки ќе одлучат да се преместат од Велика Британија во еврозоната“, рече Лаутеншлегер која го претставува надзорниот оддел на Управниот одбор на „ЕЦБ“, за време на симпозиумот „Eurofi“ во Талин.

„А тие може да изберат и да основаат филијали во трети земји. Во исто време, инвестициските компании исто така можат да се движат. Затоа мислам дека ќе биде мудро да се регулираат и надгледуваат на европско ниво“, додаде таа.

Помалку од 10 од 40 банки, кои сакаат да го преместат бизнисот во ЕУ од Лондон се пријавиле за лиценца од „ЕЦБ“, за да продолжат да работат во блокот, откако Велика Британија излезе од него, соопшти „Ројтерс“ минатата недела. Други ја истражуваат можноста за создавање на пазарни единици, но да бидат контролирани од страна на националните власти.

Претходно во Хелсинки Нуи, претседател на надзорниот оддел на „ЕЦБ“, изјави дека банките може да ги преместат своите активности кон земји со лабави прописи или да ги пренасочат своите активности кон т.н. банкарски сектор во сенка.

„Ова не е филм во кој контрадикторен херој ги игнорира сите правила, за да го спаси светот“, рече Нуи на конференција во Хелсинки. „Станува збор за стабилноста на банкарскиот сектор, просперитетот на економијата и богатството на општеството како целина“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП