4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНевработеноста во Русија падна под 5%

Невработеноста во Русија падна под 5%

Стапката на невработеноста во Русија е намалена во август под 5 проценти за прв пат во последните три години. Ова се официјалните статистички податоци објавени денес. Во исто време властите почнуваат да стравуваат од евентуален дефицит на работна сила.

Месечниот извештај на федералната агенција за статистика „Росстат“ покажуваат исто, како и забрзување на потрошувачката на домаќинствата по падот во јули.

Стапката на невработеност се намалил на 4,9 отсто од работоспособното население на земјата, земајќи ја во предвид најниска вредност од септември 2014-та година од 5,1 отсто за јули и спрема 5,6 отсто во јануари.

За разлика од кризата во 2008 – 2009 година, невработеноста се зголеми сосема слабо за време на рецесијата, која ја погоди Русија во 2015-та и 2016-та година поради падот на цените на нафтата и западните санкции поради украинската криза, достигнувајќи 6 отсто, потсетува „AFP“.

Демокрафската ситуација во Русија е еден од факторите кои предизвикуваат загриженост меѓу властите и некои економисти дека растот на економијата може да достигне максимум 1,5 отсто во текот на следните години, што е далеку од целите поставени од претседателот Владимир Путин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП