19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтрмоглавиот пад се претвори во вистинско рели

Стрмоглавиот пад се претвори во вистинско рели

Довербата меѓу германските инвеститори закрепна во септември, по речиси стрмоглавото опаѓање минатиот месец.

Месечниот барометар на ZEW институтот – кој ги мери очекувањата на финансиските играчи за наредните месеци скокна од 10 на 17 поени, надминувајќи 13,5 поени, колку што предвивуваа аналитичарите во анкетатa на компанијата за финансиски податоци, Фактсет, и достигнувајќи го речиси јулското ниво од 17,5 поени, пренесува агенцијата Франс прес.

„Солидниот економски раст во вториот квартал, неодамнешното големо зголемување на кредитната активност на банките и растечките инвестиции на компанијата и државата“, придонесоа за доброто расположение, изјави претседателот на ZEW, Аким Вомбах.

Германската економија порасна за 0,6 проценти во три месеци од април до јуни, покажаа податоците објавени на половина август, што е во склад со просекот на 19-те земји на еврозоната.

Одвоено истражување кое е спроведено за еврозоната како целина, покажа благо поправање на довербата на инвеститорите во септември во поглед на идните показатели на регионот со единствена валута во однос на минатиот месец.

Сепак, додека сликата за актуелната економска ситуација во Германија стана малку посветла, погледот на финансиските експерти на моменталната состојба на еврозоната е малку потмурен отколку во август, наведува француската агенција.

Во анкетата на институтот ZEW учестуваа 203 аналитичари и интитуционални инвеститори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП