18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната е постабилна од 2012

Еврозоната е постабилна од 2012

Belgium Nobel Peace

Кризата во еврозоната значително попушти во однос на периодот пред една година, кога некои се сомневаа во опстанокот на монетарната унија, изјави Жан Клод Јункер.

Кога лидерите на ЕУ ќе се соберат во Брисел наредната недела, ќе можат да разговараат за посмирениот период во еврозоната, изјави поранешниот шеф на еврогрупата, пред состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел.

Јункер наведе дека пред 12 месеци главна тема беше Грција и нејзиното потенцијално излегување од еврозоната, со што ќе се доведе во прашање опстанокот на монетарната унија.

„Сите такви стравувања и наслови исчезнаа. Ситуацијата е помалку драматична отколку пред една година“, изјави тој, предупредувајќи дека и покрај тоа што Европа е на добар пат, проблемите сеуште не се решени и потребно е да се истрае во реформите, особено во банкарскиот сектор.

Премиерот на Луксембург напомена дека ЕУ мора да продолжи со фискалната консолидација, како и со поттикнувањето на економскиот раст и вработувањето.

Меркел порача дека клучот за напредок се реформите во банкарскиот сектор.

„Колку повеќе се занимаваме со банките, станува јасно дека кредибилитетот на европскиот банкарски сектор е главното прашање, меѓу другото и оживувањето на економијата“, рече Меркел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП