5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентиран прирачник за примена на Законот за општата управна постапка

Презентиран прирачник за примена на Законот за општата управна постапка

Министерството за информатичко општество и администрација, организираше работилница, каде беше презентиран прирачникот „Практични прашања и одговори за примена на Законот за општата управна постапка (ЗОУП)“.

Од МИОА велат дека потребата од ваков прирачник произлегува од фактот дека и покрај тоа што новиот Закон за општа управна постапка имаше за цел да обезбеди поефикасни, поедноставни и побрзи управни постапки со помали административните трошоци, во неговата досегашна примена се воочени голем број предизвици.

На презентацијата се обрати Билјана Николовска-Жагар, државен советник во МИОА, која зборуваше за заложбите на министерството за надминување на проблемите со имплементација на ЗОУП и за идните чекори и активности активностите што ги презема МИОА во однос на заокружување на регулативата и процесите, коишто ќе овозможат примената на ЗОУП, особено од аспект на комуникација на органите кои одлучуваат во управна постапка по електронски пат.

Во рамки на работилницата зборуваше и Хавиер Систернас, постар советник во правната служба на СИГМА.

„Демократијата треба да биде во служба на граѓаните, затоа ова е закон што го применуваат институциите, но пред сè за граѓаните. Со ЗОУП треба да се направат радикални промени во начинот на размислување и дејствување на администрацијата, но и на граѓаните. Затоа е важна имплементацијата на законот“, истакна Систернас.

Прашањата и одговорите сместени во прирачникот ги презентираше, Жарко Хаџи-Зафиров, адвокат и експерт по управно право. Тој ги повика присутните да даваат свои предлози, забелешки и дополнувања на подготвениот прирачник.

Прирачникот е резултат на поширока расправа, особено со административните службеници кои нужно ги спроведуваат нормите на овој закон во пракса,секогаш кога одлучуваат за правата на граѓаните.

Заклучокот од оваа работилница беше дека и во наредниот период членовите на работната група ќе одржуваат работни средби, од коишто ќе произлезат конструктивни предлози како за прашалникот, така и за измени и дополнувања на ЗОУП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП