6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОна за што се шепоти - ново економско цунами

Она за што се шепоти – ново економско цунами

Со заканите до Кина со „трговска војна“ доколку таа не почне поактивно да ги подржува санкциите кон Северна Кореја, САД ризикуваат да го претворат мирот во нова светска криза.

Таа нова криза би можела да личи на Големата депресија од триесетите години, заклучи во својата статија новинарот Кен Моак за „Азија Тајмс“.

Министерот за финансии на САД, Стив Мучин и се заканува со трговска војна на Кина доколку Пекинг не ги поддржи санкциите кон Северна Кореја, со што Америка не само што нема да добие ништо, туку само ќе испровоцира глобален економски цунами и уште повеќе ќе ја засили напнатоста на Корејскиот полуостров“, пишува Моак.

Авторот нагласува дека Кина е премногу важен трговски партнер на Америка. Така, американските компании како што се „General Motors“, „Ford“, „Boing“, „Apple“ и други… се повеќе зависат од кинескиот пазар.

Обидот да се прекинат економските врски со Кина ќе доведе до инфлација и прекин на меѓународните испораки, што ќе создаде сериозни проблеми за американскиот финансиски систем.

Моак нагласи дека кршењето на трговските врски ме]у САД и Кина ќе влијае и на другi држави и исто така ќе стане причина за раст на напнатоста на геополитичко ниво.

Во заклучокот, авторот наведува дека засега „тешко е да се прогнозира кој ќе загуби од трговската војна“, но, „тешко дека заканите на сметка на Кина и нејзините партнери ќе помогнат мирот да биде постабилен и побезбеден“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП