26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТојота повторно највредна азиска компанија

Тојота повторно највредна азиска компанија

ToyotaLogoSmall Web

Тојота ја престигна јужнокорејската компанија Самсунг и стана најголемата азиска компанија според пазарната вредност, поради тоа што вредноста на акцијата на овој јапонски прозиводител на автомобили минатата година двојно се зголеми.

Вкупната вредност на Тојота моментално изнесува 214 милијарди долари со кои го надминува технолошкиот гигант кој вреди 200 милијарди долари.

Тојота која е најголемиот светски производител на автомобили растот на вредност на акциите го оствари поради добрите продажби на моделите Kорола и Kамри и поради зголемувањето на годишниот нето-профит за повеќе од три пати.

Инаку за потсетување Самсунг во 2011-та на првото место на листата за најголема азиска компанија според пазарната вредност дојде откако го престигна токму јапонскиот гигант

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП