6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИ Индија во револуција, воведува свој биткоин

И Индија во револуција, воведува свој биткоин

Владата на Индија сериозно размислува за воведувањето на сопствена криптовалута.

Новата криптовалута би ја контролирала централната банка на Индија (Reserve Bank of India) и би била наречена Лакшми, според хинду божицата која се поврзува со среќата, богатството и мудроста.

Зад проектот за воведување на криптовалутата Лакшми наводно стојат одредени државни службеници и посебен тим од експерти кои се иницијатори на целиот проект.

Во нивната група влегува и Reserve Bank of Indiа, која работи на измена на постоечките законски регулативи, што би овозможило воведување на нови национални криптовалути, под контрола на таа иста институција.

Воведувањето на национална криптовалута го најави и Естонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП