19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИKRKA ги зголеми приходите и добивката

KRKA ги зголеми приходите и добивката

krka1

Словенечката фармацевтска група „KRKA“ од Ново Место во првиот квартал од оваа година оствари вкупна добивка од 51,4 милиони евра, што е за шест проценти повеќе од истиот период во 2012 година, покажуваат неревидираните податоци кои ги објави компанијата.

Вкупниот приход од продажбата на целата група, која 97 проценти од приходите ги остварува во странство, изнесува 294,4 милиони евра, што е за 10 проценти повеќе од резулатите во првиот квартал од минатата година.

Продажбата на лекови кои се издаваат на рецепт, а сочинуваат 82 проценти во структурата на приходи, е зголемена за пет проценти во споредба со истиот период од минатата година. Добивката од работењето е зголемена за седум проценти и изнесува 58,4 милиони евра.

Целата фармацевтска група во Словенија и во странство вработува повеќе од 9.600 лица, а бројот на вработени во првиот квартал од оваа година е зголемен за два проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП